Радек Мали – Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 64 формат:190×160 цена: 300

Ретко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка од сончогледите е расказ за средба и за долго патување, кое на крајот е поважно од тоа до каде, всушност, треба да стигнеме. Патот станува поважен од целта. Со прекрасен јазик талентираниот поет Радек Мали (добитник на Магнезија литера за поезија во 2006 година) ги составува сликите на својата есен, која на крајот нè намамува, па можеби затоа одиме да собираме паднати костени во главната алеја во паркот… Галина Миклинова е илустратор, режисер и цртач на многубројни анимирани филмови, наградувани дома и во странство. Прочуена е по своите весели цртежи, во кои очекуваната одмерена разиграност се претвора во незадржлива желба за правење палавости, кои од љубов ќе им ги простите на двајцата јунаци.

Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите.pdf

Нарачај

Петр Станчик – Јазовецот Итре

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова страници: 32 формат:250×170 цена:350; тврд повез

Детскиот јунак, јазовецот Итре од Габровата шумичка, љубопитен и другарски настроен градител на подземни ходници и дувла, во својата приказна судбински се вљубува. И тоа во убавата ласица Аничка – но, не е единствениот што сака да ја придобие. Па, така, Итре мора да се бори за својата љубов со искусниот твор Смрдолф. Нашите нежни влакнести јунаци ќе се најдат во тајната пештера полна со опасни суштества, кои сакаат да им го одземат животот. Смелиот Итре нема да го победи својот противник со сила, туку со храброст и со снаодливост и со тоа конечно ќе ја убеди Аничка дека тој е вистинскиот.

Јазовецот Итре.pdf

Нарачај

Расположенијата на Хиполит Колбас

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: 40 формат:240×240 цена:500; тврд повез

Не постои покаприциозен јазовичар од Хиполит Колбас. Ту ќе падне во длабоко размислување, ту ќе прави гримаси над чинијата, ту ќе кука над својата судбина, ту… Е, ова куче си има расположенија, си има. Не е лесно да се биде негов другар. За тоа е потребно ангелско трпение и огромно спокојство. Кој ги има? Мачорот Среќко Котлев, верниот другар, кој без двоумење ќе одговори на секој СМС, ќе го нахрани со колбавчиња, ќе помогне да го пронајде загубеното расположение. Па, дури и ќе ја предаде својата желба, зашто што не се прави за пријателството…

Нарачај

Расположенијата на Хиполит Колбас.pdf

Гжегож Касдепке – Во моето меше живее некое животинче

Превод од полски јазик: Филип Димевски

страници: 48 формат:250×150 цена:350; тврд повез

ДУХОВИТА КНИГА ЗА ЕДНО НЕОБИЧНО ТАИНСТВЕНО ЖИВОТИНЧЕ.

„По една авторска средба, млада мајка ми раскажа забавна приказна. Нејзината неколкугодишна ќеркичка се вслушала во својот раскркорен стомак и била убедена дека во него живее некое животинче. Констатирав дека е тоа фантастична идеја да напишам книга.“

Гжегож Касдепке

Во моето меше живее некое животинче.pdf

Нарачај