Јоханес Анјуру – Ќе се удават во солзите на своите мајки

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 276 формат: 195×125 цена: 350 „Ќе се удават во солзите на своите мајки“ е книга за надежта и за безнадежноста. Дејството е сместено во сегашноста и почнува со хаотичен, страшен терористички напад за време на промоцијата на делото на контроверзен цртач на стрипови во книжарница во Гетеборг. Девојката, […]

Continue Reading

Алек Попов – Црната кутија

Превод од бугарски јазик: Душко Крстевски страници: 315 формат: 195×125 цена: 350 Мала црна пластична кутија со пепел е сè што Нед и Анго, двајца браќа од Бугарија, добиваат од смртта на татко им, професор Банов, генијален математичар што умрел во мистични околности како професор во Америка. Петнаесет години по смртта на таткото, патиштата на […]

Continue Reading

Ирена Вркљан – Свила, ножици

Превод од хрватски јазик: Иван Шопов страници: 121 формат: 195×125 цена: 200 Романот „Свила, ножици“ е автобиографски роман во кој авторката раскажува за своето детство во Белград, за преселбата на семејството во Загреб во 1941 година по избувнувањето на војната, за растењето, школувањето и созревањето во тој град, за пропаднатиот брак и за животната рутина […]

Continue Reading

Миљенко Јерговиќ – Сараевско марлборо

Превод од хрватски јазик: Ѓоко Здравески страници: 140 формат:195×125 цена:300 Кога духовната срж на овие приказни, типот на постоењето од кое се опфатени неговите ликови, би требало да се определени со кратка, афористична формула, најточно би било да се рече дека таа пред читателот се појавува како одговор на прашањата што би му се случило […]

Continue Reading

Карл-Јохан Валгрен – Приказна за една гротескна љубов

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 332 формат:195×125 цена:350 Јунакот на романот, Херкул Барфус, е глувонемо џуџе што поседува необична дарба за читање на туѓите мисли и за влијаење врз нив, како и за предвидување на иднината. Доаѓа на свет во јавна куќа, а мајка му умира за време на породувањето. Истиот ден, во […]

Continue Reading

Једрт Лапух Малезич – Воени бои

Превод од словенечки јазик: Иванка Баскар Апостолова страници: 163 формат:195×125 цена:250 Во збирката кратки раскази „Воени бои“ се среќаваме со неколку непредвидливи стории на авторката Једрт Лапух Малезич, кои на различен начин зборуваат за секојдневниот живот, за емоциите и за доживувањата на припадниците на ЛГБТ заедницата во Словенија, и на оние латентни и/или интимно реализирани хомосексуалци кои […]

Continue Reading

Мадлен Тиен – Не вели дека немаме ништо

Превод од англиски јазик: Иван Шопов страници: 556 формат:195×125 цена:500 „Не вели дека немаме ништо“ е роман во кој е прикажан животот на две генерации од едно пошироко кинеско семејство – генерацијата на оние кои живееле за време на Културната револуција на Мао Ѕетунг и онаа на нивните деца, кои станале студенти што протестираат на […]

Continue Reading

Марлен Хаусхофер – Мансарда

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска страници: 205 формат:195×125 цена:250 „Се омажив за граѓански маж, му водам граѓанско домаќинство и морам да се однесувам следствено на тоа. Вечерта во мансардата е доволна за моите неграѓански отстапувања.“ Мансардата од нејзината куќа е единственото место што ѝ припаѓа само нејзе. Таму се повлекува сопругата на адвокат и […]

Continue Reading

Маргарет Атвуд – Алиас Грејс

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 558 формат:195×125 цена:600 1843 година – Грејс Маркс е осудена на соучество во бруталното убиство на својот работодавец и на неговата домаќинка. Одлежувајќи ја доживотната казна, тврди дека целосно го загубила сеќавањето. Некои сметаат дека Грејс е невина, ангажираат за помош специјалист за ментални болести. Докторот ја ислушува приказната […]

Continue Reading

Пер Улоф Енквист – Втор живот

Превод од шведски јазик: Родна Русковска страници: 481 формат:195×125 цена:500 Како и Стриндберг во „Синот на слугинката“, во „Втор живот“ Пер Улоф Енквист пишува за себе во трето лице, како за „него“, синот без татко на учителката од Хјугболе. Тој, чиј детски свет не се протегал подалеку од Бурео, подоцна ќе патува и голем дел […]

Continue Reading