Радек Мали – Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Радек Мали – Франтишек од костенот, Анежка од сончогледите

Р

етко кој ја сака есента. Во градовите жолта магла, смог и кисел дожд, во шумите суров студ, а на голите полиња – влажна земја. Токму во такво сурово невреме во шипкова грмушка се среќаваат двајца мали кревки бездомници… Приказната за Франтишек од костенот и Анежка од сончогледите е расказ за средба и за долго патување, кое на крајот е поважно од тоа до каде, всушност, треба да стигнеме. Патот станува поважен од целта. Со прекрасен јазик талентираниот поет Радек Мали (добитник на Магнезија литера за поезија во 2006 година) ги составува сликите на својата есен, која на крајот нè намамува, па можеби затоа одиме да собираме паднати костени во главната алеја во паркот… Галина Миклинова е илустратор, режисер и цртач на многубројни анимирани филмови, наградувани дома и во странство. Прочуена е по своите весели цртежи, во кои очекуваната одмерена разиграност се претвора во незадржлива желба за правење палавости, кои од љубов ќе им ги простите на двајцата јунаци.

Автор: Радек Мали

Превод од чешки јазик: Маргарета Карајанова

Број на страници: 64

Едиција: Вртелешка | Формат: 190×160 тврд повез

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата