Ѓоко Здравески – Отсечки стварност

страници: 105 формат: 185×120 цена: 150 „Отсечките стварност“ обично се случуваат среде секојдневието, кое на прв поглед се чини банално. Но, Здравески успева да ни ги укаже пукнатините во реалноста, кои претставуваат влез во непредвидливи, можеби и опасни лавиринти. Со тон што не е врескачки, туку сталожен, со проникливост и интуитивност, со смелост да се […]

Continue Reading

Владимир Мартиновски – Зоостории

страници: 213 формат: 185×120 цена: 250 Пред нас е прозна книга составена од вкупно 77 раскази, поделени во 11 циклуси, секој изграден од по 7 прози. Зоосторија во ова дело на Мартиновски е именување на поетичка припадност кон едно универзално, наместа сосем духовно набљудување и регистрирање на сиот жив свет, оној на инсектите, на животинките, […]

Continue Reading

Жил Менар – 50 раскази (избор од 10 збирки раскази)

страници: 240 формат: 185×120 цена: 250 Книгата „50 раскази (избор од 10 збирки раскази“ од Жил Менар опфаќа неколку „недовршени“ циклуси кратка прозна фикција, од кои сите, според своите стилски обележја, припаѓаат на различни жанровски парадигми (кус расказ, бајка, хаибуни итн.) и се изградени во согласност со нивните конвенции. Таквиот зафат го прави овој „циклус […]

Continue Reading

Ѓорѓи Крстевски – Другата страна

страници: 114 формат: 185×110 цена: 200 „Другата страна“ е збирка кратки прозни форми од авторот Ѓорѓи Крстевски, создавани во текот на повеќе години. Тие се со различна големина и форма, при што секој од расказите е индивидуално дело, расказ кој гради еден свој специфичен свет што може да опстои и да егзистира самостојно. Централната точка, […]

Continue Reading

Виолета Бојковска – Барем наутро

страници: 75 формат: 185×110 цена: 150 Имагинарното, структуирано во конкретни простори и ситуации, ја обвива оваа збирка раскази на Виолета Бојковска со атмосфера слична како кај современите јапонски раскажувачи. Неочекуваното и очекуваното, надворешното и внатрешното се преплетуваат во „доживувањата“ на ликовите кои говорат во некоја определена животна рамка, но со различен јазик. Писмото на Виолета […]

Continue Reading

Очудувања #3

страници: 73 формат: 185×110 цена: 150 Во „Очудувања #3“ ви ги претставуваме: Ѕвездан Георгиевски, Ѓоко Здравески, Тони Миленковски, Владимир Плавевски, Владимир Мартиновски, Иван Шопов, Ѓорѓи Крстевски, Ненад Јолдески, Наташа Сарџоска, Андреј Ал-Асади, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Билјана Ѓонеска. Очудувања #3.pdf Нарачај

Continue Reading

Златко Ѓелески – Понор

страници: 351 формат: 185×120 цена: 300 „[…] Понор е збирка раскази, во кои авторот Ѓелески продолжува, со уште порадикална потреба, да ги истражува и да ги поместува креативните потенцијали на современиот, урбан и нему лично омилен – хорор-жанр, како и предизвиците на т.н. поетика на стравот, втемелена врз сознанијата дека стравот е основната и најискрена […]

Continue Reading

Александар Прокопиев – Делфинот

страници: 200 формат: 185×120 цена: 300 Најновиот ракопис на Александар Прокопиев, книгата раскази „Делфинот“, претставува, пред сѐ, читателско уживање за оној што ќе влезе во неа. Леснотијата – која му прилега на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетското искуство што го има зад себе) – со која се […]

Continue Reading

Очудувања 1/2

страници: 155 формат: 185×120 цена: 250 Збирката „Очудувања“, истоимена со конкурсот преку кој ја генерира својата содржина, го свртува погледот кон современата кратка проза и прозната микрофикција на македонскиот книжевен релјеф. Првите два циклуси од збирката, вклучени во изданиево, претставуваат резултат на обидот да се создаде автономна лабораторија за развивање на оваа жанровска традиција. Во […]

Continue Reading

Сања Михајловиќ-Костадиновска – (Бес)конечни модели на расказот

страници: 136 формат:185×120 цена:250 „(…) (Бес)конечни модели на расказот содржи 80-ина куси раскази поделени во неколку циклуси и тоа: почетнички раскази, иритирачки, деликатесни, ситни, патувачки, вселенски, функционални, опасни, раскази за засолнување, среќни, несреќни, раскази со среќен почеток, а тажен крај и минијатурни раскази за пополнување страници. Веќе самите наслови укажуваат на креативноста и инвентивноста, оригиналноста и […]

Continue Reading