Алис Манро - Месечините на Јупитер

Алис Манро - Месечините на Јупитер

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 360 формат: 180×110 цена: 350 Метафикциската проза на Алис Манро ги претвора обичните животи во необични приказни. Нејзините приказни се мисловно провокативни, а мистериозната вештина да ги конструира овие големи теми во навидум домашни, работнички приказни е она што ја прави Манро вистинска кралица на расказот. Леснотијата на…

Вилијам Б. Јејтс - Црвениот Ханрахан и други приказни

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 183 формат:180×110 цена: 250 Збирката „Црвениот Ханрахан и други приказни“ е рефлексија на длабокиот, долготраен интерес на Јејтс за зачувување и величење на ирската историја и култура, неговата посветеност кон зачувувањето на спомените за келтските митолошки ликови и суштества, а особено неговата фасцинација со поетот, бардот, чија мудрост…

Витолд Гомбрович - Бакакај

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: 274 формат:180×110 цена: 300 Збирката раскази „Бакакај“ ги содржи раните творби на Гомбрович. Тоа првото дело што го објавил Гомбрович под насловот „Мемоари од пубертетот“, но при преобјавувањето на делото, самиот Гомбрович го променил насловот во „Бакакај“, според називот на улицата на која живеел во Буенос Аирес. Читањето…

Алис Манро - Мил живот

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 356 формат:180×110 цена: 350 Илустрација на насловна страна: Наталија Лукомска Облеани со онаа типична јасност на визијата на Алис Манро и нејзината неспоредлива дарба за раскажување, овие приказни за крајот и почетокот, за несреќата и опасноста, за заминувањето и враќањето, измислени и реални, сликаат блескави, неизбришливи портрети на…

Хорхе Луис Борхес - Книга за измислените суштества

Превод од шпански јазик: Ненад Велковски страници: 230 формат:180×110 цена: 300 Измислените суштества што се појавуваа на страниците на оваа книга, која ги сплотува ерудицијата и привлечноста, некогаш поттикнувале восхит или страв, ги инспирирале човечките верувања и суеверијата. Особени примери од фантастичната фауна, расеани по разни религии и митологии, а исто така и по литературните дела, се…

Валтер Бенјамин - Еднонасочна улица / Детството во Берлин

Превод од германски јазик: Катерина Јосифоска страници: 293 формат:180×110 цена: 300 „Валтер Бенјамин е своевиден архетип за европскиот интелектуалец од првата половина на XX век. Иако неговото дело се потпира на непретенциозност, фрагментарност и жанровска хибридност, за Бенјамин слободно може да се каже дека е еден од авторите што имаат оставено длабока и неизбежна трага…

Боб Дилан - Тарантула

Превод од англиски јазик: Кристина Димкова страници: 172 формат:180×110 цена: 300 Овој книжевен обид несомнено има силна енергија, зборовите како да скокаат по парчињата хартија создавајќи слики, останувајќи за кратко пред нас, за потоа да бидат заменети со нови и уште посилни. Најверојатно тоа би бил и најпрецизниот опис на Тарантула, низа од слики што како…

Федериго Тоци - Три крста

Превод од италијански јазик: Наташа Сарџоска страници: 150 формат:180×110 цена: 250 Романот Три крста во италијанската книжевност се вбројува во оние дела што го обележале значајниот пресврт на границата меѓу веризмот, натурализмот и психоаналитичките алузии на симболизмот. Со нарацијата и стилот на Федериго Тоци се занимавале критичарите Борџезе, Дебенедети, Казола, како и писателите Калвино и Моравија,…

Теофило Брага - Фантастични раскази

Превод од португалски јазик: Наташа Сарџоска страници: 197 формат:180×110 цена: 250 Фантастични раскази е едно од првите португалски книжевни дела што ја следи фантастично-готската литература. Расказите, инаку првично објавени во Бразил, интертекстуално се инспирирани од поетиката на Едгард Алан По и од езотеричната филозофија на Сведенборг. Освен тоа, ова дело се вбројува во книжевниот стил и…

Славомир Мрожек - Слон

Превод од полски јазик: Филип Димевски страници: 209 формат:180×110 цена: 300 Расказите од збирката Слон ги презентираат сите карактеристики на литературната дејност на Славомир Мрожек. Критиката ги прогласила за најкарактеристични за неговото творештво: гротескно прикажани ситуации во кои е вплеткан дезориентираниот главен лик, компромитација на прогресивноста и наводната наука, апсурдноста на постапките на бирократската власт. Една…