А
нтон е слободоумно момче со оригинални идеи, кое е соживеано во своите видеоигри и открива необични пријатели во реалниот и во виртуелниот свет. Кога еден ден ќе замине на одмор во камп со баба му и дедо му, ја запознава средината на темното, калливо езеро и се соочува со предизвикот да си најде забава различна од дотогаш познатата. Спротивставувајќи се на убедувањата да плива во езерото и да си најде пријатели, Антон сепак ги постигнува овие цели по неочекуван пат – се покажува дека пријателството има многу непознати видови, а патот до надминувањето на стравот е непредвидлив, но со сигурност води низ другарството.
Автор на текстот: Милена Баиш
Автор на илустрацијата: Наталија Лукомска
Број на страници: 106
Едиција: Вртелешка