Политика на приватност

Со политиката за приватност ќе ви појасниме каде и како се чуваат личните податоци на сите регистрирани купувачи на нашата интернет-страница. Оваа политика за приватност се однесува само за www.begemot.mk и неговите поддомени. 

Секој корисник, при регистрација и при купување, изјавува дека е запознаен со нашата политика за приватност и дека се согласува со неа.

Доколку се регистрирате, сите лични податоци што ќе ги внесете преку формата за регистрација ќе се користат за потребите за обработка и достава на нарачката, за реализација на плаќањето, како и за информирање/промоција на производи и услуги обезбедени од наша страна, а ќе се чуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци и ќе се отстапуваат на трети страни – Банка.

Од информациите што ни се потребни при регистрацијата и/или при нарачка ги издвојуваме:
– име и презиме;
– електронска адреса;
– ваша адреса и место на живеење;
– адреса за испорака на нарачката;
– телефон за контакт

Податоците што ги собираме и што се чуваат кај нас нема да се објавуваат, да се продаваат или да се доставуваат на трета страна.

Не собираме никакви информации со финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и/или банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на банката/порталот преку кој се врши наплата, со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку безбеден платежен портал, кој користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција.

Во секој момент може да извршите промена, ажурирање или корекција на своите неточни лични податоци и информации.

Ги преземаме сите разумни заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба.

Со усвоената политика за приватност и за заштита на податоци БЕГЕМОТ ја демонстрира посветеноста кон заштитата на приватноста на клиентите.

Оваа политика за приватност стапува во сила од [02/2026].

Промените во политиката за приватност ќе бидат јавно објавени на интернет-страницата www.begemot.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила.