Васко Марковски – Непозната Македонија

Васко Марковски – Непозната Македонија

„Н

епозната Македонија“ е еден голем мозаик составен од разнобојни, дребни, но филигрански обработени каменчиња, што функционираат како необврзна редоследна целина, пред сѐ според слободната сугестија на авторот на ракописот, но коишто, едновремено, можат да се читаат и независно и по слободен избор на редоследите, запазувајќи ги врските на прочитот единствено во најмалите мониста, кои Марковски ги ниже едноподруго, речито, од повеќе аспекти: од една страна информативно, но и чувствено богато – осветлувајќи места, простори и скриени урбани и природни локалитети, кои се дел од неговите, најнапред, лични преоткривања на просторот што толку многу му значи, и чии бројни аспекти и суштини ги споделува со својот читател како од него откриени, а од нив многу притаени и скриени скапоцености на овој така слоевит и богат простор… Во неговата книга се вкрстуваат сегашните објекти, простори, изгледи и минати приказни, митови, истории, ликови во една долга и богата низа од сказови, патеписи, репортажни записи и сведоштва на изворни личности.

Автор: Васко Марковски

Дизајн на корица: Наталија Лукомска

Број на страници: 415

Едиција: Наше маало | Формат: 200×125

Извадок од книгата

Нарачај дома

Препорачај ја книгата