
Патувања од другиот џеб
Васко Марковски
Марковски мајсторски ги користи своите вештини и долгогодишното искуство во повеќе области да создаде навидум едноставни, но всушност мошне детални и длабоко проникнати приказни за местата, пределите, скриени и неоткриени…
Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.
Опис на книгата
Книгата со репортажи „Патувања од другиот џеб“ на етаблираниот и сестран уметник, автор, преведувач, новинар, уредник, патеписец (а и туристички водич) Васко Марковски, е замислена како своевидно продолжение на исклучително богатата збирка патеписи „Непозната Македонија“. Марковски мајсторски ги користи своите вештини и долгогодишното искуство во повеќе области да создаде навидум едноставни, но всушност мошне детални и длабоко проникнати приказни за местата, пределите, скриени и неоткриени, или разоткриени од поинаков агол, и за луѓето, познати и непознати, како и нивните животни патешествија, окупации, пасии…
Како долгогодишен туристички водич и уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“, Марковски совршено го познава секое катче и просторче и умее да го опише, па дури и да го опее (тука се буди поетот во него), а искусниот новинар, пак, од соговорниците успева да ги извлече најинтересните приказни и да ги вткае во приказната составена од кратки исечоци.
Билјана С. Црвенковска






