
Васко Марковски
Васко Марковски е туристички водич, патеписец и литературен преведувач. Завршил студии по турски јазик и книжевност со чешки јазик и книжевност. Дваесетина години работел како новинар, патеписец и уредник во петнаесетина медиуми (радио, печатени и мултимедија). Се специјализирал во патеписното новинарство и документаристички серијали. Во периодот 2008–2011 бил главен уредник на месечникот „Free Time Guide – Macedonia“, каде што за неговите патеписи е награден со признанието „Најдобар промотор на Македонија“ за 2010 година. Соработува со неколку консултантски куќи и маркетинг агенции, а од 2018 целосно се посветил на професијата туристички водич. Автор е на поетската книга „Корпоративно утро“ (2013), на монографијата „Урбани легенди“ (I издание Бегемот, 2018; II издание Бегемот, 2023); збирката репортажи „Непозната Македонија“ (Бегемот, 2020) и збирката хаику стихови „Корпоративно утро“ (Бегемот, 2023). Застапен е во неколку антологии на современата македонска поезија. Реализирал самостојна изложба на фотографии во услови на пандемија, со наслов „Комши камераџик“ (КЦ 750, 2020). Како литературен преведувач, има преведено од турски на македонски јазик пет романи и избор од сто песни од знаменитиот турски поет Орхан Вели („Риба во шишето ракија“, Антолог, 2014).







