
Животот пред човекот
Маргарет Атвуд
Елизабет, со својата контролирана сензуалност, борејќи се со потиснатиот бес, е мажена за погрешен човек; Нејт, нејзиниот сопруг, деликатен, неодлучен, разочаран; Лесја, млада жена што работи во природонаучен музеј, за која диносаурусите се исто толку важни како и мажите…
Original price was: 500,00 ден.350,00 денCurrent price is: 350,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Елизабет, со својата контролирана сензуалност, борејќи се со потиснатиот бес, е мажена за погрешен човек; Нејт, нејзиниот сопруг, деликатен, неодлучен, разочаран; Лесја, млада жена што работи во природонаучен музеј, за која диносаурусите се исто толку важни како и мажите… Љубовен триаголник, од кој секој агол се разгранува во повеќе агли; тројца луѓе, секој на средна возраст, во средовечна криза, принудени да прават избор, во ропство на чувствата, кои учествуваат во трагикомедијата што ја нарекуваме љубов… секој во потрага по својот идентитет, човечки, љубовен, прељубнички, страстен, животен… Над сите нив виси духот на мртвиот љубовник на Елизабет… и вртоглавата закана за трите животи што би можеле да имаат иста разврска… Маргарет Атвуд уште еднаш докажува дека е врвен набљудувач на светот околу нас, раскажувајќи моќна, современа сага, полна со згуснати значења, метафори, психолошки профилирања, родителски и љубовни чувства, сместена во брз, модерен живот во една од канадските метрополи.




