
Маргарет Атвуд
Маргарет Атвуд – канадска поетеса, прозаистка, литературна критичарка, есеистка и активистка за заштита на животната средина, водечка личност на феминистичкото движење. Родена е во 1939 г. во Отава, а пораснала во Онтарио, Квебек и Торонто. Автор е на повеќе збирки поезија, книги за деца, романи, збирки раскази и научно-стручна литература, но најпозната е по романите: Приказната на робинката (1985), Невестата крадливка (1994), Алиас Грејс (1996) и Слепиот убиец (2000), за кој ја добила престижната Букер во 2000 г. За романот Алиас Грејс ја добила наградата Гилер, а за истиот роман влезе во потесната конкуренција за Букер.Атвуд има добиено бројни награди, вклучувајќи ги наградата Букер (2000 и 2019), наградата Артур Ч. Кларк за имагинацијата во служба на општеството, наградата Франц Кафка, Германската мировна книжевна награда, Governor General’s Award (1966 и 1985), како и наградата за животно дело на ПЕН САД. Во 2019 г., стана член на Редот на кавалерите на честа за своите достигнувања во литературата. Има работено и како илустраторка, либретистка, драмска писателка и кукларка. Живее во Торонто, Канада.





