
Тројца за Картал
Миљенко Јерговиќ
Дваесет и осум години од првото објавување на Сараевско марлборо и триесет од почетокот на опсадата на Сараево, Миљенко Јерговиќ се навраќа на тие времиња.
Original price was: 500,00 ден.350,00 денCurrent price is: 350,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Дваесет и осум години од првото објавување на Сараевско марлборо и триесет од почетокот на опсадата на Сараево, Миљенко Јерговиќ се навраќа на тие времиња. Како што најавува поднасловот на книгата, според темата, местото на приказните и структурата, таа е копија на Сараевско марлборо, иако не е повторен ниту еден расказ. Така читаме за други луѓе што делат заедничка судбина под постојан оган, но се разликуваат по националниот идентитет, културата, менталитетот, религијата… но ниту во еден миг не постои омраза по ниедна основа. Разбирањето и емпатијата со кои Јерговиќ ги карактеризира своите ликови покажуваат и што значи да се разбере и да се почувствува Сараево.
Овојпат, книгата започнува со филм запаметен од раната адолесценција, а завршува со приказната за две вазни, сведоци на историјата на семејството, кои преживеале војни и бројни преселби, а се скршиле дури по желба на природата во земјотресот во Загреб во 2020 година.
„Помеѓу мене и тоа време стои еден возрасен и веќе зрел човек, кој има години токму толку колку што имав јас среде таа војна. Тој човек сум јас, како што и оној човек бев јас. […] Тројца за Картал е книга на тој другиот човек, чии раскази зборуваат за истото за кое зборуваа расказите од Сараевско марлборо“.
Миљенко Јерговиќ





