Во првите денови од јули 1969 година, професор на еден од американските универзитети му испратил на Гомбрович писмо со низа прашања, главно поврзани со неговите драми, за да објави интервју со него во списание посветено на драмската уметност. Како вообичаено во последните месеци, Витолд Гомбрович ѝ ги издиктирал оговорите на својата жена, Рита. Гомбрович: За…
Категорија: À propos
Билјана Ѓонеска – (Рас)кажувајќи ја бесконечноста
Кон „(Бес)конечни модели на расказот“ од Сања Михајловиќ-Костадиновска. Насловот од збирката „(Бес)конечни модели на расказот“, на Сања Михајловиќ-Костадиновска ѝ послужил како платформа за обединување парови противречни термини. Првиот пар е составен од двете последни именки. Тука зборот „модел“ потсетува на оперативниот чин на средување и усреднување, со безлично пакување во калапи. Наспроти него е зборот…
Иван Шопов разговара со Васко Марковски
Неодамна во рамки на фестивалот ArtArea 2 беше промовирана книгата „Урбани легенди“ од Васко Марковски, која Бегемот ја објави во едицијата Плочка. Книгата содржи педесетина текстови првично објавени во неделникот Форум во периодот 2010-2011 година. Со авторот разговаравме за почетоците на циклусот текстови, поривот за собирање необични градски приказни, начинот на откривање нови градови, односот…
Случајот Грејс Маркс под лупата на Маргарет Атвуд
Не постои нешто што може посликовито да ја оживее древната, заморна, очигледно бескрајна дебата на темата дали женската природа е побожна или демонска, одошто глетката на женско злосторство донесено пред лицето на правдата. Аветинските визии на ангелот на куќата кој стега нож или пиштол во раката ослободуваат рој фурии чиј вресок се слуша од нашата…
„Со оган и со меч“ првпат на македонски
„Со оган и со меч“ е првиот роман од, можеби, најзначајното дело на нобеловецот Хенрик Шенкевич – „Трилогија“, која критиката ја вреднува како opus magnum на овој автор. Романот ги следи случувањата од историјата на Полска за време на козачкото востание на Хмељници (1648–1654) во Украина. Писателот, трудејќи се да поттикне патриотски чувства кај читателот,…
Алексиевич – Од кажаното и од она што не беше дозволено да се каже
Судењето на „Цинковите момчиња“ (документирана историја) До крајот не верував дека ова судење ќе се случи, како што до последен миг не верував дека ќе припукаат кај Белиот дом… Дека ќе почнеме да пукаме едни во други… Веќе физички не можам да ги гледам разгневените лица. И немаше да дојдам на судењево да не беа…
Пелевин на Твитер
Ви пренесуваме 10 статуси од Твитер профилот на Виктор Пелевин. Не знам сè, туку само она што ќе посакам да го знам. Како што вели другар ми Шива, семоќноста е потребна, пред сè, за да се ограничи сезнајноста. 15.1.18 Смрт не е кога засекогаш ја губите свеста. Смрт е кога свеста ќе ве спознае докрај, наполно, до…
Мрожек – Процес
Како резултат на усилната грижливост, трудот, интервенциите и стремежите – целта конечно беше постигната. Сите писатели беа униформирани, им дадоа рангови и одлики. Па, така, еднаш засекогаш заврши хаосот, недостигот на критериуми, нездравиот артизам, магливоста и колебливоста на уметноста. Проектот за униформата беше изработен на централно ниво, поделбата на кружоци и степени беше плод на…
Очудувања #2
Драги читатели, можете да спиете мирно! Сомнителните зборови се најпосле уловени. Совесните збороловци се покажаа неверојатно вешти и агилни – ги донесоа живи и пргави, какви што ги баравме. По извршените испитувања, утврдено е дека тие не ја загрозуваат безбедноста на умот, иако предизвикуваат нови процеси во неговата работа. Затоа, пуштајќи ги повторно на слобода,…
Кој е Ришард Капушќињски?
За Ришард Капушќински, кој почина на 74-годишна возраст, новинарството беше мисија, а не кариера и, за среќа, тој мина голем дел од својот живот во непријатни и злогласни места, многу од нив во Африка, обидувајќи се да ја пренесе нивната суштина до еден далечен континент. Никој не беше поизненаден од него кога, во средината на…