
Четири портрета и др. раскази
Михаил Булгаков
Збирката „Четири портрета и други раскази“ содржи шест раскази од Михаил Булгаков, еден од најважните руски автори на XX век.
Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Збирката „Четири портрета и други раскази“ содржи шест раскази од Михаил Булгаков, еден од најважните руски автори на XX век. Во неа се среќаваме со раскази што се разликуваат како на поетичко, така и на тематско ниво. Сепак, расказите содржат и обединувачка нишка – сите тие имаат антитоталитарна и сатирична заднина, карактеристична за творештвото на Булгаков. Па така, читателот лесно ќе пронајде во нив силна критика насочена кон општествените услови во кои живеел авторот, но исто така и против колонијализмот и империјализмот на светските сили. Фокусирајќи се на поединечни човечки судбини, мрачната живописна слика што ја претставува за руското општество на почетокот од XX век исто така е неминовна за поетиката на овој автор. Расказите содржат и ревија од ликови што се борат со своите секојдневни апсурди водејќи борба „против ветерници“, борба проследена со апсурдна атмосфера и случки карактеристични за Булгаков, теми и ставови поради кои Булгаков се соочил со многубројни репресии. Затоа и самиот автор ќе му напише во писмо на Сталин: „На широкиот план на руската книжевност во СССР бев еден и единствен книжевен волк. Ме советуваат да го обојам крзното. Бесмислен совет. Без оглед дали е обоен или истрижен, волкот сепак не личи на пудлица. Со мене и постапуваа како со волк. Неколку години ме прогонуваа по правилата на книжевната хајка…“


