
Песјо срце
Михаил Булгаков
Кон крајот на декември, во Москва, еден уличен пес што штотуку се здобил со тешки изгореници на бокот, ја оплакува својата несреќна судбина и сонува за подобар живот.
Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Кон крајот на декември, во Москва, еден уличен пес што штотуку се здобил со тешки изгореници на бокот, ја оплакува својата несреќна судбина и сонува за подобар живот. Тогаш, крај него поминува непознат човек, му дава колбаси и така го намамува во својот стан… Еден ден, професорот Преображенски прави необичен експеримент: ја пресадува хипофизата од штотуку починат млад човек во мозокот на песот Шарик. Експериментот успева и набргу кучето станува човек: оди на две нозе, почнува да зборува и самостојно да мисли. Меѓутоа, тогаш настануваат големи проблеми и многубројни перипетии, зашто кучето ги наследува лошите навики на човекот чија хипофиза му била всадена…
„Песјо срце“ е едно од најважните дела на фантастиката во руската книжевност. Се толкува како алегорија на комунистичката револуција и како „погрешен обид на револуцијата радикално да го промени човештвото“. Објавувањето на новелата првично било забрането во Советскиот Сојуз, но циркулирало како самиздат. Официјално е објавена во Русија во 1987 година, долго по смртта на авторот, за подоцна да стане културен феномен и предмет на непрекината дебата сѐ до денешното време.


