
Микроскоп, телескоп, стетоскоп
Васко Марковски
„Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува токму Васко Марковски.
Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува токму Васко Марковски. Неговата книга ‘Корпоративно утро’ (2013, 2023) несомнено се вбројува меѓу најдобрите збирки хаику поезија напишани на македонски јазик, а неговиот најнов ракопис, именуван ‘Телескоп, микроскоп, стетоскоп (хаику дневник)’, е еден вид круна не само на неговиот интерес кон лапидарното поетско изразување туку во него се вкрстуваат неколку клучни афинитети на авторот по кои тој е препознатлив во книжевната и културната јавност: репортажата, кусата проза, фотографијата и музиката“. Збирката ‘Микроскоп, телескоп, стетоскоп (хаику дневник)’ е редок творечки потфат: поместува 259 хаику творби, кои ни нудат поетски екстракти за различни денови од годината, па затоа градат еден вид ‘дневник’. Геслото ‘Ни ден без напишан ред’ кај Васко Марковски се претвора во ‘Ни ден без хаику’, што секако потсетува на идејата на Масаока Шики: ‘Сè е хаику’, а оваа книга како да е најдобра поткрепа на тезата на јапонскиот хаику мајстор. Следејќи го ритамот на промените во природата, поетскиот ракопис на Васко Марковски ни приредува возбудливо патување низ годишните времиња (започнува со зимски пејзажи, нè води низ сите суптилни промени на климите, сетинзите и расположенијата низ пролетта, летото и есента, а завршува со новогодишно хаику)“. Владимир Мартиновски






