Превод: Владимир Јанковски
Едиција: Аквамарин
264 страни
195×125 mm

Земја без залез

Марија Андријашевиќ

„Земја без залез“ е роман за татко и ќерка, бегство и враќање, во кој силно пулсира идејата за нов почеток.

Превод: Владимир Јанковски
Едиција: Аквамарин
264 страни
195×125 mm

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.

Само 15 останати на залиха

Опис на книгата

„Земја без залез“ е роман за татко и ќерка, бегство и враќање, во кој силно пулсира идејата за нов почеток. Марија Андријашевиќ ја раскажува приказната за Глорија Сутон, биологина специјализирана за собирање семиња, која по години поминати на студии и „на терен“ се враќа во родниот Сплит за да го посети болниот татко. Внатрешниот заплет на романот и монолошките меандри ќе бидат поттикнати од повторните средби со познати лица од „минатиот“ живот – особено со пријателот од детството Јадран и неговата ќерка Алта. Престојот во Сплит ѝ е преплетен со посети на родното село на татко ѝ во далматинска Загора, каде што таткото ѝ ја всадил на Глорија љубовта кон земјата и растенијата. Сето ова ја враќа во детството преплетувајќи ја со бршленот на спомените и премолчените емоции. А сеќавањата се заводливи, бодликави, лепливи под врелото сонце, каква што е далматинската вегетација. Младата ботаничарка размислува за своите интимни врски, но пред сѐ се труди да ги расплете семејните немири – заминувањето на мајка ѝ и комплицираниот однос со татко ѝ, кој уште повеќе го закоравиле судбината, семејството, неправдата и околностите на поднебјето. Авторката ни раскажува моќна семејна приказна притоа користејќи автентичен за својот регион дијалектен и разговорен стил на израз, слободно преплетувајќи ја нарацијата со монолози, дијалози и дигресии, поетички зачинувајќи ја со бои и мириси својата интимна приказна од детството и соочувајќи се со сегашноста и иднината.

Прочитај извадок