
Врачеви
Маргарет Лоренс
„Врачеви“ е делумно автобиографски роман што ги следи животот и сеќавањата на Мораг Ган, писателка и самохрана мајка од Манавака, фиктивно гратче во Манитоба, и нејзината борба да го спознае и да го прифати својот идентитет.
Original price was: 500,00 ден.350,00 денCurrent price is: 350,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Врачеви“ е делумно автобиографски роман што ги следи животот и сеќавањата на Мораг Ган, писателка и самохрана мајка од Манавака, фиктивно гратче во Манитоба, и нејзината борба да го спознае и да го прифати својот идентитет. Приказната се расплетува како моќно и искрено разголување на една современа и храбра жена во мошне конзервативната и традиционална средина, низ нејзината лична потрага по љубов, среќа и професионална реализација. Овој формативен процес ќе ја поведе низ отуѓувачка голгота на дистанцирање од светот и луѓето барајќи слободен и безбеден простор за битисување. Постојаното испитување на силата на оваа жена го прави наративов интересен за читање, но и исклучително силен како феминистичко четиво од пионерска и непроценлива важност за канадската, како и општо, за секоја млада жена. Дополнително, силата на прозата на Маргарет Лоренс чудесно е насликана и во ликовите на романот, кои остануваат да талкаат низ умот уште долго по читањето.
