Едиција: Арс магна
150 страни
180×110 mm

Три крста

Федериго Тоци

Романот Три крста во италијанската книжевност се вбројува во оние дела што го обележале значајниот пресврт на границата меѓу веризмот, натурализмот и психоаналитичките алузии на симболизмот.

Едиција: Арс магна
150 страни
180×110 mm

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Романот Три крста во италијанската книжевност се вбројува во оние дела што го обележале значајниот пресврт на границата меѓу веризмот, натурализмот и психоаналитичките алузии на симболизмот. Со нарацијата и стилот на Федериго Тоци се занимавале критичарите Борџезе, Дебенедети, Казола, како и писателите Калвино и Моравија, додека во егзистенцијалната нитка тој наликува  на Кафка, Музил, Ман и Џојс. Иако Тоци не го познава Фројд, неговите описи на личности продорно се ткаат преку ракурсот на сиров и груб раскажувач, кој без многу книжевни инструменти го воведува читателот во тажните и тмурни реалности на човечката егзистенција. Светот во кој живеат ликовите на овој роман не е ни ведар ни спокоен, туку е сплет од лаги, похота, среброљубие и цревоугодие, вител е на измами и илузии, и на горчливи емотивни полнежи, кои ги водат кон тешки душевни состојби, кон болест и гибел, но конечно и кон себепознание и соочување со себеси, иако трагично и неповратно. Овие ликови се беспомошни, немоќни, несмасни, вклештени, закочени, инертни, исклучени, маргинализирани и отфрлени.

Прочитај извадок