Федериго Тоци

Федериго Тоци (Сиена, 1883 – Рим 1920) – италијански писател, кој станал познат години по својата смрт, благодарение на неговиот син, кој постхумно ги собирал неговите дела. По смртта на татко му, почнал да ги пишува своите најпознати романи Ѕверови (1917), Фарма (1921), Три крста (1920) и Со затворени очи (1919). Во текот на војната, Тоци решава да работи во службата за печат на Црвениот крст. Таму ги запознава некои од најголемите писатели и интелектуалци на тоа време, меѓу кои Пирандело, Панцини и Борџезе, кои особено верувале во неговиот талент. Ги објавува своите книги кај угледниот издавач Тревес, а го пишува и автобиографското дело Егоисти (1923) инспирирано од своето живеење во Рим. Според Итало Калвино, Тоци е еден од најголемите европски писатели со италијанско потекло, а Алберто Моравија ќе рече дека Тоци опишува големи човечки трагедии со едноставни зборови. За неговиот највлијателен роман, Три крста, Борџезе ќе рече дека е ремек-дело на реализмот. Освен тоа, неговата нарација стилски се доближува до веризмот, натурализмот и современите психоаналитички симболизми, но и до големите писатели како Достоевски, Кафка, Музил, Ман, Пирандело, Звево и Пруст. Имено, Тоци ги опишува тмурните психолошки состојби на човекот и тажниот свет во кој тој живее.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.