Превод: Кристина Димкова
Едиција: Арс магна
296 страни
180×110 mm

Танцот на среќните сенки

Алис Манро

Пред педесет и четири години збирката раскази „Танцот на среќните сенки“ на Алис Манро ја доби наградата Governor General’s Award, една од најважните канадски книжевни награди (чест што ѝ беше укажана на Манро двапати пред да ја добие Нобеловата награда во 2013 г.).

Превод: Кристина Димкова
Едиција: Арс магна
296 страни
180×110 mm

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Пред педесет и четири години збирката раскази „Танцот на среќните сенки“ на Алис Манро ја доби наградата Governor General’s Award, една од најважните канадски книжевни награди (чест што ѝ беше укажана на Манро двапати пред да ја добие Нобеловата награда во 2013 г.). Споредени со долгите, независни приказни, кои подоцна ќе станат заштитен знак на Манро, приказните од „Танцот…“ се покуси и со поконвенционална наративна структура. Расказите од збиркава се движат околу руралните средини на Онтарио. Низ приказните што соодветствуваат со вистинскиот живот на таткото на Манро како одгледувач на лисици, таа ги истражува карактеристичните родови улоги во куќата наспроти надвор од неа, видени низ очите на една млада нараторка. Од приказна во приказна се чувствува постојан копнеж за независност. Желбата да се крене глас – насушната потреба да се искаже личната или општествената неправда – се бори против тешкиот товар на колективните стандарди. Овој притисок посилно се чувствува кај повозрасните генијално изградени ликови во расказиве, кои во борбата влегуваат со поголем влог и со многу поголеми последиците од неуспех.

Прочитај извадок

Други книги од Алис Манро

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.