Алис Манро

Алис Манро е родена во Онтарио, Канада, во 1931 г., каде што студирала на универзитетот Западен Онтарио. Нејзината прва збирка раскази е издадена под насловот Танцот на среќните сенки во 1968 г. и веднаш ја освојува националната награда за литература Governor General’s Award. Алис Манро е добитничка на голем број награди и номинации, а во 2009 г. ја освојува наградата Man Booker International Prize. Истата година ја издава збирката раскази Премногу среќа. Во 2013 г. ја добива најпрестижната награда, Нобеловата награда во областа на литературата. Во три наврати е добитник на најпрестижната награда за литература на Канада – Governor General’s Award за книгите раскази Танцот на среќните сенки (1968), Што се замислуваш? (1978) и Прогресот на љубовта (1986). Нејзини најпознати објавени збирки во последните неколку децении се, меѓу другите, Што се замислуваш? (1978); Месечините на Јупитер (1982); Бегалка (2004); Мил живот (2012) итн.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.

Original price was: 350,00 ден.Current price is: 245,00 ден.