
Сестрата на Ниче
Мира Оташевиќ
„Сестрата на Ниче“ е роман за лажната семејна љубов и изневерата, за малограѓанското уништување на личната слобода, за оригиналните идеи и нивните деформирачки сурогати
Original price was: 250,00 ден.175,00 денCurrent price is: 175,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Сестрата на Ниче“ е роман за лажната семејна љубов и изневерата, за малограѓанското уништување на личната слобода, за оригиналните идеи и нивните деформирачки сурогати, за автентичноста и манипулацијата, за индивидуалниот однос кон вистината и нејзините патолошки фалсификувања, за слободната мисла и за нејзините идеолошки злоупотреби, во крајна линија – за човекољубието и за неговите утилитарни одродувања… „Сестрата на Ниче“ е роман за личната и за семејната бескрупулозност, книга во која драстично се урнисува митот за светоста на сестринска љубов кон братот, но едновремено и роман од кој, како впрочем и од другите прозни дела на истакнатата современа писателка Мира Оташевиќ, зрачи и еден непатетично изразен, жесток ангажман на страната на изневерените вредности.
Авторскиот глас на Оташевиќ се изразува во модерна, авангардна форма. „Сестрата на Ниче“ е вториот роман на Оташевиќ, во кој наративната сила се одразува највеќе во сликите, во емоцијата што избива од секој лик и од секој дијалог, во помирувањето на динамичната форма со широката ерудиција и деликатноста на интимниот свет.
