Мира Оташевиќ

Мира Оташевиќ (1944-2019) е драматург и прозаист од Белград, Србија. Се занимавала со прозно творештво, сценаристика, теорија на литературата и театарот, особено фокусирана на подрачјето на историските авангарди. Дипломирала драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград.Оташевиќ негува особен авторски пристап, кој ја издвојува од останатите романсиери. Нејзиното прозно творештво се напојува со богатите знаења и искуства собрани како драматург, сценарист и документарист. Поради таа оригиналност на авторскиот пристап, Мира Оташевиќ им припаѓа на најафирмираните автори на современата српска проза. Романите „Зоја“ во 2013 и „Горгони“ во 2018 година, се најдоа во најтесниот избор на престижната награда НИН. Нејзин омилен жанр е оној на „креативното користење на архивите“, творечки метод што изобилно се среќава и во нејзиното прозно творештво.Во 1980, Оташевиќ објавила книга мултижанровски есеи под насловот „Споени садови“. Нејзини книжевни дела се и романите: „Магамал“ (1994), „Сестрата на Ниче“ (1999), „Бекет и јастогот“ (2005), „Змејови од хартија“ (2008), „Зоја“ (2012) и „Горгони“ (2017) – сите објавени од реномираното книгоиздателство „Геопоетика“ од Белград.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.