Превод: Филип Димевски
Жанр: Роман
Едиција: Атлас
1232 страни
210x135 mm

Потоп

Хенрик Шенкевич

Грандиозен книжевен проект посветен на бурниот XVII век и на борбата на Полска за опстанок, слобода и национално достоинство.

Превод: Филип Димевски
Жанр: Роман
Едиција: Атлас
1232 страни
210x135 mm

1.200,00 ден

Опис на книгата

„Потоп“ е вториот дел од славната „Трилогија“ на Хенрик Шенкевич, заедно со романите „Со оган и со меч“ и „Господинот Володијовски“ – грандиозен книжевен проект посветен на бурниот XVII век и на борбата на Полска за опстанок, слобода и национално достоинство.

Замислен како историско-авантуристичка епопеја со огромен раскажувачки замав, романот ги спојува големите историски настани со личните судбини, воените походи со љубовните заплети, а политичките интриги со драматичните пресврти. Панорамската структура, галеријата незаборавни ликови, динамичната нарација и раскошните борбени сцени создаваат свет во кој историјата пулсира како возбудлив роман, а авантурата добива размери на национална драма. Дејството се одвива за време на шведската инвазија врз Полска, во еден од најтешките периоди во нејзината историја. Во виорот на војната, предавствата и општиот хаос, во средиштето на приказната се наоѓа Анджеј Кмиќиц, благородник чиј пат од непромисленост и морални заблуди до пожртвуваност и искупување ја отелотворува драмата на еден човек, но и на цела една нација. Со мајсторски спој на историска реконструкција и книжевна имагинација, Шенкевич создава епопеја за честа, верноста, љубовта и отпорот пред заканата од национално исчезнување. „Потоп“ е роман во кој херојството не се исцрпува во победите на бојното поле, туку се потврдува и во способноста за лична преобразба и одговорност кон заедницата.

Ова е дело што ја надминува границата на историскиот роман: возбудлива авантура, голема љубовна приказна и моќна фреска на едно време во кое судбината на поединецот станува нераскинлив дел од судбината на татковината.

 

Прочитај извадок

Други книги од Хенрик Шенкевич