
Хенрик Шенкевич
Хенрик Шенкевич – биографијаХенрик Шенкевич (1846–1916 г.) – полски романсиер и публицист, еден од најпопуларните и најпреведувани полски писатели кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Лауреат на Нобеловата награда за литература во 1905 год. за целокупниот опус. Учел и студирал во Варшава. По една година медициски студии, запишал филолошко-историски факултет. Тогаш дебитира како новинар во варшавскиот печат. Пропагирал позитивистички идеи, бил фасциниран од развојот на индустријатаи науката. Во 1872 година од печат излегува неговиот прв роман „Залудно“, кој бил позитивно прифатен од критичарите. Во 1876 година патува во Америка. Плод од тоа патување се неколку значајни дела, како што се новелите, „Светилничар“ и „Поглавица“.Се вратил во својот роден крај во 1879 година, живеел во Варшава. Од 1883 до 1888 година работел на едно од своите најзначајни дела, т.е. „Трилогијата“ (три историски романи: „Со оган и со меч“, „Потоп“ и „Господинот Володијовски“). Шенкевич многу патувал, а инспириран од неговото патување во 1890 година во Африка, го напишал романот „Во пустината и прашумата“. Напишал и два современи романи: „Без догма“ и „Семејството Полањецки“. Потоа се навратил на историската тематика во романите „Quo vadis“ и „Крстоносци“. Благодарение на „Quo vadis“, Европа ја забележала полскаталитература, бидејќи во тој роман Шенкевич посегнува по заедничките, христијански корени на европската култура. Приказната за прогонувањето на првите приврзаници на Христос за времето на Нерон, на Шенкевич му донела огромна слава. По избувнување на Првата светска војна, Шенкевич за-минува во Швајцарија, каде што организирал хуманитарна помош за жртвите од војната во Полска. Умира на 15.11.1916 година во Веве (Швајцарија). Неговите посмртни останки осум години подоцна биле пренесени во Варшава.


