
Меѓу жени
Џон Мекгахерн
„Меѓу жени“ е моќен роман за семејството, љубовта, власта и сложените врски што нè врзуваат за местото од кое потекнуваме.
Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.
Опис на книгата
„Меѓу жени“ е моќен роман за семејството, љубовта, власта и сложените врски што нè врзуваат за местото од кое потекнуваме. Во ликот на Моран, Мекгахерн суптилно ја прикажува и траумата од војната за независност и од Граѓанската војна во Ирска, која никогаш целосно не останува во минатото. Насилството што го доживеал и го извршил, дисциплината и јасноста на воениот свет, како и разочарувањето од Ирска за која се борел, длабоко ги обликуваат неговиот карактер и односот кон семејството. Она што во војната било чувство на цел и припадност, во мирот се претвора во потреба за контрола, недоверба и страв од губење на авторитетот. Така, личната траума на Моран станува и одраз на пошироката историска траума на една генерација Ирци.
Со прецизен, воздржан и исклучително сугестивен јазик, Мекгахерн од секојдневните гестови, разговори и тишини создава длабока семејна драма. Во тесниот свет на едно ирско домаќинство се огледуваат пошироките промени во Ирска – наследството на револуционерното минато, патријархалниот поредок, силата на семејството и постепеното исчезнување на еден традиционален начин на живот.
Романот се смета за едно од најзначајните дела на современата ирска книжевност и за ремек-дело на Џон Мекгахерн – писател што со привидна едноставност и голема емоционална прецизност го претвора локалното и интимното во универзално човечко искуство.
