Едиција: Плочка
103 страни
205×205 mm

Медиумот што недостасува

Томислав Османли

„Препрочитувајќи ги, по неполни три децении, содржините на оваа книга есеи за урбаните феномени што во тоа време ми се чинеа актуелни

Едиција: Плочка
103 страни
205×205 mm

Original price was: 300,00 ден.Current price is: 210,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

„Препрочитувајќи ги, по неполни три децении, содржините на оваа книга есеи за урбаните феномени што во тоа време ми се чинеа актуелни, особено оние што кај нас недостасуваа, помислувам колку опстојно – и покрај долгиот помин на време – таквите појави и однесувања настојчиво недостигаат во нашава средина. Не дека таа во меѓувреме не се измени, и тоа многу. Урбанитетот доживеа трасформации од поранешната испразнетост кон преполнетост, од неисполнетоста на голем дел од градските простори кон постојниве, урбанистички презаситени ткаења, од расположливиот кон окупираниот градски амбиент, но и од концептуалниот модернитет во минатото кон еден конзервативен инженеринг, изведен и преживеан во центарот на главниот град, сега начичкан со претенциозни структури и кичерски градби од механички копирани и лажно креирани, во секој случај туѓи (на овој град и на неговите жители), авторитарно наметнати стилови… Скопје и денес ги лечи раните од претераната и незапрена градба, од освојувањето на целото подножје на питомата планина што најблиску се издига над градот, која е божем заштитена сфера, па сè до центарот, изведен во незамислив хибрид, еден вид кириличен барок, мегаломански неокласицизам и еден вид „касписки“ ампир од претенциозни и лажни фасади што, неопстојни како материјал, инвестиција и естетика, потклекнуваат под ударите на скопските дождови и летните изгори, и сами се лупат и отпаѓаат…“

Прочитај извадок

Други книги од Томислав Османли

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.