Превод: Наташа Ѓондева
Едиција: Перископ
326 страни
190×120 mm

Археологија на знаењето

Мишел Фуко

„Археологија на знаењето“ е една од најтемелните студии за методологијата и историографијата на системите на мислата (епистеми) и на знаењето (дискурзивни формации)

Превод: Наташа Ѓондева
Едиција: Перископ
326 страни
190×120 mm

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

„Археологија на знаењето“ е една од најтемелните студии за методологијата и историографијата на системите на мислата (епистеми) и на знаењето (дискурзивни формации), кои следат правила што функционираат под свеста на субјектните единки и дефинираат концептуален систем на можности што ги детерминираат границите на јазикот и мислата употребени во дадено време и простор. Археологијата на знаењето е аналитички метод што Фуко го користел во повеќе свои студии. Современите студии на историјата на идеите се однесуваат на транзициите помеѓу историските погледи на светот, но на крајот зависат од наративните континуитети што се распаѓаат при поблиска анализа. Денеска историјата е таа што ги преобразува документите во историски споменици и што открива збир од елементи што треба да се издвојат, да се поделат на групи, да се валоризираат, да се подредат во врски, да се поврзат во целина. Оваа студија, правејќи анализа на дискурсот и скицирајќи го методот на тоа што Фуко го нарекува археолошки опис, претставува одредена фаза во развојот на неговиот концепт.

Прочитај извадок