Мишел Фуко

Мишел Фуко (1926 – 1984) – француски филозоф, историчар и социолог. Во годините 1970-1984 раководел со специјално за него создадената катедра „Историја на мисловните системи“ на Collège de France. Обично поврзуван со постструктурализмот и постмодернизмот, сепак самиот се оградувал од тие одредби, нагласувајќи го, пред сѐ, влијанието на филозофијата на Ниче во своето научно дело. Од него го презел „генеалошкиот“ метод на истражување, втемелен врз основа на моделот применет од Ниче во „Генеалогија на моралот“, и го применил во истражувањето на „генеалогијата на знаењето“ – со самото тоа се оградил од телеолошкото разбирање на историјата. Своите истражувачки интереси ги насочувал во правец на критичката анализа на општествените институции како психијатријата, казнениот систем или сексуалноста. Автор е на голем број студии, меѓу кои најпознати се: „Археологија на знаењето“, „Надзор и казна“, „Историја на сексуалноста“, „Историја на лудилото“, „Раѓање на клиниката“, „Зборови и нешта“, и др.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.