
Ќе не исколваат гаврани, врани
Стефан Жеромски
Стефан Жеромски во 1895 г. ги објавил збирките Раскази и Ќе не исколват гаврани, врани. Обете книги наишле на жива реакција од читателите и критиката.
Original price was: 250,00 ден.175,00 денCurrent price is: 175,00 ден.
Нема на залиха
Опис на книгата
Стефан Жеромски во 1895 г. ги објавил збирките „Раскази” и „Ќе нѐ исколват гаврани, врани”. Обете книги наишле на жива реакција од читателите и критиката. Оттогаш, безмалку секоја следна негова книга била книжевен настан. Во своите раскази Жеромски ја отсликал проблематиката во која доминираат темите на народноослободителната борба, заостанатоста, неправдата врз народот и моралните превирања на јунаците што се борат за правдина. Во неговите дела публиката ја ценела општествената и морална суптилност, а исто така и психолошката суптилност во креацијата на ликовите.
Збирката „Ќе нѐ исколват гаврани, врани” се занимава, пред сѐ, со општествената тематика и прашањата поврзани со разврската на ослободителните борби. Темите варираат во општествените и социјалните рамки, па така, вклучени се раскази со проблематиката на селанската несреќа, претставени се превирањата и разликите во светогледот на интелектуалците кон крајот на XIX век, тематиката на Јануарското востание во Полска и Наполеонските војни.
