
Стефан Жеромски
Стефан Жеромски (1864-1925) е полски драматург, публицист и прозаист. Пишувал романи, драмски дела, раскази. Поради своите родољубиви расположби бил затворен во 1888 г. од руските царистички власти. Извесно време бил духовен водач на младината; критиката го нарекла „совеста на полската книжевност“ и „совеста на народот“. Прозните дела му се проникнати со лирски пејзажи, кои понекогаш наликуваа на песни во проза. Четири пати бил номиниран за Нобеловата награда за литература. Жеромски бил воспитуван во патриотско-рoмантичaрска традиција. Творел во контакт со сѐ уште живата позитивистичка мисла, во периодот на доминацијата на полската авангарда и по ослободувањето, кога настанувале нови интелектуални и уметнички струи. Не се идентификувал со никаква формација, создавал „одделна“ литература. Сепак, инспирацијата ја црпел од разни традиции. Автор е на голем број прозни дела, меѓу најпознатите се: „Сизифов труд“ (1898); „Бездомници“ (1899); „Историја на гревот“ (1908); „Верна река“ (1912); „Претпролетно време“ (1924) и др.
