
Доктор Квак
Намерата ни беше да ги претставиме најинтересните и најуспешните раскази од периодот меѓу последната деценија на XIX-от век до Втората светска војна, односно оние раскази што на најуверлив начин го претставуваат стилскиот плурализам на модернизмот во хрватската книжевност.
Original price was: 250,00 ден.175,00 денCurrent price is: 175,00 ден.
Само 15 останати на залиха
Опис на книгата
„Уште на прв поглед е јасно дека изборот што го носи оваа антологија е прецизен, а не општ. Намерата ни беше да ги претставиме најинтересните и најуспешните раскази од периодот меѓу последната деценија на XIX-от век до Втората светска војна, односно оние раскази што на најуверлив начин го претставуваат стилскиот плурализам на модернизмот во хрватската книжевност. Антологијава донесува мал број раскази, но го сумира најдоброто од хрватската книжевна продукција од тоа време, со желба да ѝ ги претстави на македонската средина авторите и делата што досега, можеби, не биле толку присутни во преводите, што не биле познати или читани. Затоа за македонскиот читател книгава би можела да претставува концизен вовед во контекстуализацијата на хрватската модернистичка книжевност и на нејзиниот сооднос со тогашните светски книжевни движења.”
