
Ушите на Адолф
Марко Погачар
Марко Погачар го пишувал својот „Берлински дневник“ во текот на 2021 година.
Original price was: 300,00 ден.210,00 денCurrent price is: 210,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
Марко Погачар го пишувал својот „Берлински дневник“ во текот на 2021 година. Ова е ракопис првенствено за себе, за неговата сопствена врска со градот, но и за сегашноста и минатото на Берлин, а тоа значи и за смртта што е запишана во историјата на еден град кој, повеќе од другите, растел заедно со имињата на своите мртви. Книга за смртта, за табуто на смртта во нашата култура (кај нас, јужњаците без земја, ми се чини, уште од детството ни е всадена длабока аверзија спрема гробиштата). Книгата, меѓу другото, содржи референции за дневниците на Кафка, но духот на овој ракопис е поблизок до Валтер Бенјамин, неговиот дар рефлексивноста да се надополнува со интензивни слики од надворешниот свет, а тоа се оние реченици во кои е присутен спојот на поетот и филозофот. Борис Буден еднаш рече: Го гледам Марко Погачар во Берлин, тој природно му припаѓа на тој град. И навистина, ова се потврдува во книгата.Ова не е ракопис напишан од ентузијастичен посетител на Берлин, Погачар е домашен овде, тој го опишува градот како избрано место, кон кое сепак не го врзува чувството на дом, бидејќи раселувањето и бездомништвото се негова единствена природна состојба. „Ушите на Адолф“, значи, не ја пишувал турист или странец, туку некој што сраснал со Берлин. Но тогаш, во огледалото на избраниот град, се појавува и Погачаровиот Сплит, сеќавањето на детството, поттикнато од слична загуба, смртта на блиски личности, со кои се затвора овој ракопис. Во прашање е единствена книга пишувана во втората пандемиска година, посредно обележана од таа состојба на изолација и мирување. Семездин Мехмединовиќ
