
Опашка од конец
Оливера Ќорвезироска
„Опашка од конец“ е избор раскази од сите досега објавени збирки на Оливера Ќорвезироска: „Страдањата на младиот лектор“ (2000), „(С)плетени раскази“ (2003), „Две перници“ (2010), „Новелички без шеќер“ (2016), „(Со)шиени раскази“ (2017), „Улиците што ги нема“ (2018) и „Престапни години“ (2021).
Original price was: 400,00 ден.280,00 денCurrent price is: 280,00 ден.
На залиха
Опис на книгата
„Опашка од конец“ е избор раскази од сите досега објавени збирки на Оливера Ќорвезироска: „Страдањата на младиот лектор“ (2000), „(С)плетени раскази“ (2003), „Две перници“ (2010), „Новелички без шеќер“ (2016), „(Со)шиени раскази“ (2017), „Улиците што ги нема“ (2018) и „Престапни години“ (2021). „Опашка од конец“ не е хронолошки избор од збирките, туку тематски, модуларен избор на Владимир Јанковски, којшто менувајќи го природното опкружување, „соседството“ на расказите на Ќорвезироска, гради речиси нова збирка од стари раскази. Лизгањето низ времето на одделни мотиви, ликови и состојби од пред повеќе од дваесет години до денес, како и свесното и намерно групирање и приближување на расказите едни кон други, нивното населување едни до други, ги реактуелизира и реконтекстуализира старите раскази во нова книга со самостоен наслов, самостојни циклуси и самостоен наративен електрокардиограм (ЕКГ). Наизменичните долги и куси раскази во овој избор бележат сосем нов ритам на старото срцебиење.


