Оливера Ќорвезироска

Оливера Ќорвезироска е родена 1965 година во Куманово. Основно и средно образование завршила во родниот град, а Филолошки факултет во Скопје, каде што живее и работи како уредник. Расказите на Ќорвезироска се преведувани на англиски, француски, унгарски, албански, чешки, српски, бугарски, словенечки, полски, руски, германски и грчки јазик. Таа е повеќекратен добитник на значајни награди за расказ во Македонија. Двапати има добиено прва награда на традиционалниот конкурс за расказ на „Нова Македонија“: во 2001 за „Струшкиот клавир“ и во 2016 за „Шеќерен град“. За „(С)плетени раскази“ ја има добиено наградата за најдобра прозна книга на Друштвото на писателите на Македонија – „Стале Попов“ за 2003, а за романот „Три Марии“ – Рациновото признание за 2025. Романот „Заклученото тело на Лу“ влезе во финалето за Роман на годината за 2005 година. Ќорвезироска е застапена во дваесетина антологии објавени дома, на македонски јазик, и во странство – на други јазици. Ќорвезироска е член е на ДПМ (Друштвото на писателите на Македонија) и на Македонскиот ПЕН-центар.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.

Original price was: 400,00 ден.Current price is: 280,00 ден.