Превод: Здравко Савески
Едиција: Перископ
304 страни
190×120 mm

Зелениот капитализам: Богот што потфрли

Ричард Смит

Капиталистичкиот пазарен систем е инхерентно екосамоубиствен.

Превод: Здравко Савески
Едиција: Перископ
304 страни
190×120 mm

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Капиталистичкиот пазарен систем е инхерентно екосамоубиствен. Бесконечниот раст може да заврши само со катастрофален екоколапс. Ниту една доза подисправање не може да ја промени самоубиствената траекторија на пазарниот систем. Поради тоа, сакало или не, човештвото нема друг избор освен да се обиде да најде начин да го замени капитализмот со некој вид посткапиталистичка еколошки одржлива економија. […] Ако сакаме да се спасиме себеси и многуте други видови, тогаш мора да се откажеме од слободата на капиталистите да произведуваат и да продаваат како што сакаат, а потрошувачите да купуваат што сакаат и што можат да си дозволат – за да се стекне поголема слобода за човештвото да дише чист воздух, да има безбедна вода за пиење, да има безбедна храна за јадење, да живее долго и здраво без болести предизвикани од отровни материи, да се обнови една пошумена, чиста, безбедна планета, погодна за живеење, што ќе можеме да им ја пренесеме на нашите деца. Таквата демократска и еколошка економија, се разбира, би била целосно некомпатибилна со капитализмот. Ричард Смит, Зелениот капитализам: Богот што потфрли

Прочитај извадок