Ричард Смит

За авторотРичард Смит докторирал на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес во 1989 година, на тема што ги обработува пазарните реформи при транзицијата на Кина кон капитализам. Имал постдокторски ангажман на Центарот „Исток-Запад“ во Хонолулу и на Рутгерсовиот универзитет во Њу Брансвик, Њу Џерси. Работел и како бродски монтер, авантуристички водич низ Африка и столар-градежник.Објавил статии за Кинеската револуција, кинескиот пат во капитализам, глобалната еколошка криза и капитализмот во реномирани списанија како „Њу Лефт Ривју“, „Екологист“, „Мантли Ривју“, „Списанието за еколошка економија“, „Капитализам, природа, социјализам“ и други. По објавувањето на оваа книга, во 2020 година ја објавил книгата „Кинескиот мотор на еколошката катастрофа“, а во моментот работи на својата книга „Триумфот и трагедијата на Кинеската револуција“.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 500,00 ден.Current price is: 350,00 ден.