Превод: Иван Шопов
Едиција: Атлас
263 страни
210×135 mm

На работ од паметот

Мирослав Крлежа

„На работ од паметот“ е приказна за оние што барем еднаш се запрашале дали секоја борба за вистината е залудна, ако општествената стварност се темели на лицемерие и глупост.

Превод: Иван Шопов
Едиција: Атлас
263 страни
210×135 mm

Original price was: 600,00 ден.Current price is: 420,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

„На работ од паметот“ е приказна за оние што барем еднаш се запрашале дали секоја борба за вистината е залудна, ако општествената стварност се темели на лицемерие и глупост. Ова е приказна и за оние што никогаш не се помириле со таквата стварност. Најпосле, ова е приказна за поединецот што одлучил да се соочи со таквата стварност и да ѝ се спротивстави. Во овој извонреден роман на Мирослав Крлежа е прикажана индивидуалната побуна на раскажувачот, средовечен интелектуалец – доктор по право, кој еден единствен пат се осмелил да го каже гласно она што навистина го мисли. Во калеидоскопот на еден живот, во оваа своевидна библија на нонконформизмот, ја следиме инсценацијата на општествените механизми во кршењето на секој вид отпор против злото, лагата и лицемерието. Пукнатината на сликата на малограѓанскиот свет во кој живее главниот јунак на овој роман почнува да се шири во сите правци, а неговата желба да живее автентично, да излезе од светот заплеткан во цел систем од лаги, бидува сурово казнета од правните инстанци на општеството потонато во глупост и зло. „На работ од паметот“ и денес веројатно е најактуелното дело на овој исклучително плоден и смел автор, кој – како вистински ангажиран интелектуалец – во текот на целата книжевна кариера не се плашел во своите дела да ги тематизира најважните проблеми и настани на епохата во која живеел.

Прочитај извадок