Превод: Андреј Јованчевски
Едиција: Арс магна
270 страни
180×110 mm

Дворјанско гнездо

Иван Тургенев

Дворјанско гнездо е вториот роман на Иван Тургенев, првпат објавен во 1859 г. во книжевното списание Современик.

Превод: Андреј Јованчевски
Едиција: Арс магна
270 страни
180×110 mm

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Дворјанско гнездо е вториот роман на Иван Тургенев, првпат објавен во 1859 г. во книжевното списание „Современик“. Романот спаѓа во раната творечка фаза на Тургенев и за време на неговиот живот бил меѓу неговите најпознати дела во Русија. Преку галеријата ликови на Лаврецки, Лиза, Паншин, Лем, Варвара Павловна, Михалевич, Агафја, Марија Дмитриевна и Марфа Тимофеевна, Тургенев ја слика фреската на тогашното ситно дворјанство, чиишто мисли, карактери, разговори и навики неминовно се распаѓаат, отворајќи им пат на нови ликови во руската книжевност. На залезот на нивното време, сепак, Тургенев ги испраќа со живописни портрети, извонредно пренесувајќи ги нивните родослови, светогледи и односи. Животот на руското провинцијално дворјанство, салонската култура на губерниските градови и европските престолнини, судирот меѓу спротивставените идеолошки струи – се дел од главните теми на оваа кратка прозна фреска.

Прочитај извадок