
Иван Тургенев
Иван Сергеевич Тургенев (1818 – 1883 ) — руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. Неговите дела извршиле големо влијание врз развојот на романот. Најзначајните дела му се романите: „Дворјанско гнездо“, „Рудин“, „Татковци и деца“ и „Спроти новите дни“, како и драмата „Еден месец на село“.Во основа, книжевната критика има поволен став кон творештвото на Тургенев. Така, неговата прва поема, „Параша“, големиот руски критичар Белински ја оценил како еден од прекрасните сонови на разбудената руска поезија, заспана по смртта на Лермонтов. Притоа, тој го пофалил Тургенев не само поради творечката дарба, туку го нарекол и „син на нашето време, кој во градите ги носи сите негови маки и прашања“. Оваа оцена целосно се однесува и на „Записите на ловецот“, каде Тургенев со богатата галерија на хумани и индивидуализирани ликови на селани го крева гласот против феудалниот систем во тогашна Русија. И ова дело наишло на поволни оцени, а Херцен го опишал како „поетско обвинение против феудалното право“.

