
Втор живот
Пер Улоф Енквист
Како и Стриндберг во „Синот на слугинката“, во „Втор живот“ Пер Улоф Енквист пишува за себе во трето лице, како за „него“, синот без татко на учителката од Хјугболе.
Original price was: 500,00 ден.350,00 денCurrent price is: 350,00 ден.
Само 3 останати на залиха
Опис на книгата
Како и Стриндберг во „Синот на слугинката“, во „Втор живот“ Пер Улоф Енквист пишува за себе во трето лице, како за „него“, синот без татко на учителката од Хјугболе. Тој, чиј детски свет не се протегал подалеку од Бурео, подоцна ќе патува и голем дел од својот живот ќе живее во странство, во Берлин, Њујорк, Париз, Копенхаген… Со драмата „Ноќ на лезбијките“ стигнува на Бродвеј. Среде тој меѓународен успех како писател, минува низ лична криза. „Втор живот“ е драматична приказна за тоа. „Ова дело не е опуштена, анегдотска прошетка низ неговото минато, на патот до славата и богатството. Две третини се посветени на неговото развивање како писател, додека последната третина го опишува долгиот, мачен пад на Енквист и потоа неговото враќање на креативноста и енергијата карактеристични за него. Приказната почнува, како секој автобиографски текст, со детството на авторот, но на читателите на Енквист им ја нуди препознатливата повеќестрана, метатекстуална перспектива.
