
Како паѓаме јас и ти
Ненад Јолдески
Светот овде постојано се распаѓа: во пожар, во песок, во магла, во тишина.
Original price was: 250,00 ден.175,00 денCurrent price is: 175,00 ден.
Опис на книгата
„Како паѓаме јас и ти“ е книга што го претвора распадот во јазик. Ова е книга за свет што гори, замрзнува, исчезнува и повторно се раѓа. Неговите краеви и преобразби се координати на еден доследно изграден поетски универзум. Збирката не го романтизира распадот; напротив, го чита како основна состојба на современиот свет, во која љубовта останува единственото место на отпор.
Светот овде постојано се распаѓа: во пожар, во песок, во магла, во тишина. Но секој негов крај отвора едно исто прашање: што останува кога ќе отпадне сè што сме мислеле дека нè држи? Овие песни го претвораат падот во заедничко искуство и го бараат одговорот меѓу две тела, два гласа и едно упорно „ние“.
Николина Андова Шопова
