Ненад Јолдески

Ненад Јолдески е роден во 1986 година во Струга. Дипломирал на Економскиот факултет, а магистрирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“.
Неговата прва книга, „Штамата на Енхалон“, збирка раскази напишани на струшки дијалект и социолект, ја доби наградата „Новите“ за најдобро дебитантско прозно дело во 2009 година.
Во 2012 година ја објави збирката раскази „Секој со своето езеро“, за која во 2016 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Книгата е преведена и објавена на повеќе европски јазици. Во 2018 година, го објави краткиот роман „Пливање спротиводно“.

Книги во издание на Бегемот

Original price was: 250,00 ден.Current price is: 175,00 ден.