Бегемот ќе биде на Саемот на книга 2026.
Со задоволство ве известуваме дека оваа година ќе бидеме дел од 38. Саем на книга, кој се одржува во Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, во периодот од 23 до 29 април 2026.
Мотото на оваа година е „Отвори прозорец кон нови светови” — а со повеќе од 60 издавачки куќи, над 100 промоции на наслови и очекувани 30.000 посетители, Саемот повторно е најголемата книжевна манифестација во земјата.
Наминете на нашиот штанд, разгледајте ги нашите најнови изданија и одберете нешто ново за вашата библиотека. Подолу можете да го разгледате нашиот каталог за 2026 година.
Саемот е отворен секој ден од 10:00 до 20:00 часот. Цената на редовната влезница е 100 денари, со попусти за организирани ученички посети и повеќекратни влезници. Децата до 12 години влегуваат бесплатно во присуство на родител.
Ве очекуваме! 📚

