Книжевно-мултимедијален фестивал ArtArea #9

Денови нѐ делат од ArtArea/Артерија, книжевно-мултимедијален фестивал што веќе девет години по ред континуирано ја промовира современата парадигма на интегративно и интерактивно културно дејствување. Како и секоја година, фестивалот ќе биде точка на пресек на различни културно-уметнички полиња.

Традиционално, освен книжевноста, која е постојан елемент на фестивалот, и оваа година ArtArea/Артерија е планирана со богата програма од различни културни зони. Фестивалската тема годинава е „Македонската алтернативна музика“, на која преку неколку тематски настани ќе ѝ биде посветен вториот фестивалски ден. Ќе имаме можност да проследиме изложба на фотографии, шест книжевни разговори, музичка панел-дискусија, музички видеоартови, поетско-музички перформанс и концерти од млади македонски музичари, актуелни на македонската алтернативна сцена. Ни претстојат три дена дружење, безброј инспиративни разговори и убави идни соработки.

Се гледаме од 12-ти до 14-ти септември во кафе-книжарницата Буква!

Наскоро комплетната програма на фестивалот.