Превод: Борјана Мојсовска
Едиција: Арс магна
133 страни
180×110 mm

Беспаќе

Еухенио Камбасерес

Според критиката, Беспаќе е најдобриот роман на Еухенио Камбасерес, кој авторот го нарекол студија.

Превод: Борјана Мојсовска
Едиција: Арс магна
133 страни
180×110 mm

Original price was: 200,00 ден.Current price is: 140,00 ден.

На залиха

Опис на книгата

Според критиката, Беспаќе е најдобриот роман на Еухенио Камбасерес, кој авторот го нарекол студија. Насловот во целост одговара на животниот став на Андрес, протагонистот, кој е апатичен, пропаднат, болен од песимизам и досада. Нараторот инсистира низ целото дело дека однесувањето на Андрес е однесување на ментално болен човек.

Беспаќе се впишува во големата традиција што ја спротивставува урбаната наспроти руралната култура. Моралот и судбината на човекот се едни од основните нишки коишто Камбасерес ги ткае преку комплексниот лик на Андрес. Кога веќе се чини дека животот на Андрес тргнува по добар пат, сепак судбината одлучува да биде немилосрдна кон него и кон неговото најмило.

Прочитај извадок