
Еухенио Камбасерес
Еухенио КамбасересЕухенио Камбасерес (1843-1888). Аргентински писател и политичар. Кон крајот на 19-от век напишал четири книги, меѓу кои Беспаќе (1885) се смета за неговото ремек-дело. Камбасерес се родил и починал во Буенос Аирес. Како писател, го комбинирал натурализмот на Емил Зола и браќата Гонкур и локалниот реалистичен карактер во четирите романи од песимистичка природа. Камбасерес преку неговото пишување ги третира проблемите поврзани со доаѓањето на имигранти во Аргентина и социјалните промени на неговото време, но сепак ја задржува перспективата на високата буржоазија која ги критикува пониските класи и европската имиграција. Неговиот опус се состои од четири романи: Потпури (1881), Сентиментална музика: свиркањата на еден мрзливец (1884), Беспаќе (1885) и Крв (1887).

