илозвучниот глас на Нина Симон ја пее „Боџенглс“, а тие танцуваат. Нивниот син, искрено и детски наивно, раскажува за безбројните забави во нивниот дом, за нивното необично милениче – елегантниот момин жерав, училишните маки и откачените семејни авантури. Во нивниот живот нема простор за тага, плаќање даноци, или, пак, социјални конвенции. „Кога реалноста е банална и тажна, измислете ми убава приказна“ – ќе каже мајката. Паралелно, белешките од еден роман, кој нема ниту почеток ниту крај, ја ткаат приказната за една луда, силна, несекојдневна, искрена љубов. Приказна за еден пар што наместо Валентајн, ја слави Сент Жоржет на 15 февруари. А зошто да не? Оваа љубов не згаснува кога ќе дојдат тешките мигови. Се издигнува над нив. Кон вечноста.
Превод од француски јазик: Марија Коцевска
Број на страници: 157
Едиција: Аквамарин | Формат: 195×125
Оливие Бурдо (1980)
Оливие Бурдо е француски современ писател роден во 1980 во Нант. Човекот чија единствена диплома е „изводот на родени“, со години безуспешно се обидува да се вклопи во најразлични професии. На триесет години, откако ја губи работата како агент за недвижности, решава конечно да се посвети на својата голема љубов од детството – книжевноста. Неуспешниот обид да го издаде својот прв ракопис, не го спречува да продолжи да пишува. Неговиот прв роман „Чекајќи го Боџенглс“ (2016), напишан за само седум недели и објавен во издание на „Финитид“, доживува огромен успех и ги добива наградите „France Culture-Télérama“, „Grand prix RTL-Lire“, „roman France Télévisions 2016“, „Emmanuel-Roblès“. Вториот роман „Пактум Салис“ го издава во 2018 година. Во моментов работи на својот трет роман „Флорида“.